Телохранителот на Осама бин Ладен живее во Германија со социјална помош од 1.168 евра

Поранешниот телохранител на Осама бин Ладен живее 21 година во Германија и прима месечно 1.168 евра социјална помош.

До ова шокантно откритие се дошло кога пратениците на десничарската партија Алтернатива за Германија поставиле пратеничко прашање до владата на сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија кој е Сами А.

Се утврдило дека Сами А. (42) е салафист од Тунис во 2000 година и му бил телохранител на поранешниот лидер на Ал каеда во Авганистан. Се открило дека во Германија живее од 1997 година и дури прима социјална помош.

 

Да биде работата уште полоша, германските власти знаат за џихадистичкото минато на Сами веќе 15 години затоа што на судењето за тероризам во 2005 година еден сведок јасно изјавил дека Сами го чувал Бин Ладен во Авганистан.

Сами поради поврзаноста со Ал каеда бил под истрага и во 2006 година, но на крајот против него не било подигнато никакво обвинение.

Сами упорно негира дека е поврзан со џихадистите. Но, властите не можат да го депортираат во Тунис поради одлуката на судот со образложение дека таму би можел да биде мачен.

Поранешниот телохранител на злогласниот терорист моментно живее во Бохум заедно со сопругата и четирите дете.

 

Неговото барање за азил е одбиено во 2007 година од безбедносни причини, а последните 11 години Сами морал секојдневно да се јавува во полициска станица.

 

Scroll to Top