Трамп сака европските автомобили да ги исфрли од САД

Германските производители на автомобили би можеле да бидат исфрлени од Соединетите Американски Држави затоа што претседателот Доналд Трамп сака да ја прекине продажбата на германските автомобили да возат на американските автопатишта, наведува германскиот магазин Wirtschaftswoche.

Тој на Германците им порачал да купуваат американски автомобили, а германската влада му возвратила дека треба да произведуваат подобри возила.

Магазинот наведува дека неколку неименувани европски и американски дипломати, кои тврдат дека Трамп во април му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека ќе ја одржи својата трговска политика доволно долго сѐ додека ниту еден модел на „Мерцедес-Бенц“ повеќе не вози на Петтата авенија во Њујорк.

Администрацијата на Трамп отворила трговска истрага за тоа дали увозот на возилата ја оштетила американската автоиндустрија.

Германија е најголемиот извозник на автомобили во САД. Германските производители на автомобили контролираат 90 отсто од американскиот пазар на автомобили. БМВ ги поседува брендовите „Ролс Ројс“ и БМВ. „Дајмлер“ го има „Мерцедес-Бенц“, а „Фолксваген“ ги контролира „Бентли“, „Бугати“, „Порше“ и „Ауди“.

Податоците од индустриското здружение ACEA покажуваат дека увозот на автомобили од САД во ЕУ минатата година изнесувал 6,2 милијарди евра (7,3 милијарди долари), а увозот на автомобили во САД изнесувал 37 милијарди евра.

Според здружението VDA, во 2017 година германскиот производител на автомобили произведува 804.000 автомобили во американските погони извезувајќи 657.000 во Северна Америка.

Се очекува дека Трамп набргу ќе одлучи дали ќе ги ослободи европските земји од царините на увоз на челик и алуминиум во САД. Берлин веќе предупреди дека таквиот потег би можел да доведе до штетна трговска војна.

Германските власти ја критикувале истрагата за увоз на возила, што би можело да доведе до тарифа од 25 отсто поради истата „национална безбедност“ поради која Вашингтон во март воведе царински обврски.

Аналитичарите од компанијата Evercore ISI минатата недела изјавиле дека наметнувањето на тарифата ќе предизвика товар од 4,5 милијарди евра за германските премиум-производители уништувајќи им го водењето бизнис.

 

 

Scroll to Top