Убиен дипломатот кој открил дека извештајот за убиството на Кенеди е наместен

Семејството на одамна починатиот дипломат Чарлс Томас побарало од првиот човек на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да ги објави тајните документи од убиството на 35. американски претседател.

Семејството се надева дека на тој начин ќе се расветли приказната за самоубиството на Чарлс Томас.

Кога во  шеесетите години државниот секретаријат почнал да спроведува политика на „нагоре или надвор“, што значи или промоција или отказ, Томас по 18 години работа во Стеј департментот се нашол во втората категорија.

Две години подоцна, во 1971 година, 48-годишниот дипломат бил застрелан во глава додека неговата жена била во куќата.

Месец дена подоцна дошло до ужасно откритие. Дел од неговите лични фајлови биле сменети, што било причина Томас да добие отказ.

Претседателот Џералд Форд, 38. по ред американски претседател, се извинил, а политиката на Стејт департментот се променила.

Но, семејството на Томас смета дека тоа што се случило со неговите документи не е случајност. Тие веруваат дека е во прашање намерен чин за Томас да биде отстранет од Стејт департментот поради својот упорен и бесплоден напор повторно да ја отвори истрагата за смртта на својот омилен американски претседател.

Томас во средината на шеесетите години бил стациониран во Мексико, а во 1965 година дознал повеќе за посетата на Ли Харви Освалд, убиецот на Кенеди, во Мексико Сити во 1963 година.

Дипломатот во една белешка, која е објавена во јавност, напишал дека тоа што го открил се заканувало да го уништи кредибилитетот на извештајот „Ворен“ на комисијата за убиството на Кенеди.

Томас во 1969 година испратил белешка до државниот секретар молејќи го да го погледне случајот, а шест дена подоцна повеќе никој не го видел. Многу документи, кои и понатаму се класифицирани, доаѓаат од станицата на ЦИА во Мексико Сити, и семејството на дипломатот смета дека истите би можеле да ја потврдат теоријата на Томас.

 

 

Scroll to Top