Унгарија изгради ѕид и ја намали илегалната имиграција за 99%

Обединетите нации ја критикуваа поради тоа што не се покажа како „добар домаќин“.

Унгарија ја намали илегалната имиграција за повеќе од 99% откако подигна моќна гранична ограда, како одговор на европската имиграциска криза, веројатно сакајќи да им одржи лекција за моќното влијание за изградба на јужниот ѕид од страна на претседателот Трамп во САД.

Говорејќи на втората годишнина од владиниот потег да стави печат на границата меѓу Унгарија со Србија, која исто така е надворешна граница на Европската Унија, главниот советник за безбедност на премиерот Виктор Орбан, Ѓерѓ Баконди, најави дека оградата придонесе да се намали илегалната имиграција од 391.000 имигранти во 2015 година, 18326 во 2016 година, на само 1.184 во 2017 година.

„Системот на технички пречки е клучот за успех на граничната безбедност, и без него е невозможно да се запре масовното надоаѓање на бегалци“, објасни шефот на безбедноста.

Унгарија мораше брзо да реагира на огромниот влез на мигранти кој ја „нападна“ Европа, откако германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека нема да има „ограничување“ во бројот на баратели на азил кои нејзината земја би ги прифатила.

Унгарите ја воведоа оваа зона откако е откриено дека многу терористи од терористичките напади во Париз во 2015 година минале низ нејзината територија, а важниот чекор кој го спровеле се разликува од другите држави-членки на ЕУ, кои повеќе или помалку им овозможија на мигрантите  илегално да влезат во нивните земји, а понекогаш и со смртоносни последици, само за да бидат послушни кон ЕУ законите.

„Постои непрекинат миграциски притисок на нашата граница“, инсистираше доктор Золтин Коиач, државен секретар за јавна дипломатија и односи.

„Мерките воведени во интерес да се заштити границата се неопходни, а благодарение на нив, големиот број мигранти кои незаконски и на неконтролиран начин влегле во Унгарија драстично падна“.

Сепак, бидејќи постојано беше поттикнувана и финансирана, илегалната миграција се забави, а активистите кои ги финансира милијардерот и финансиер Џорџ Сорос и глобалистичките пратеници во Европската Унија и Обединетите народи се вчудовиди од овој потег на Унгарија.

На пример, шефот на ОН за бегалците, Филипо Гранди, ја посети границата и се пожали:

„Кога денеска застанав на граничната оград, почувствував дека цел систем е смислен за голем број луѓе кои бегаат од војните и прогонот да останат надвор од земјата“.

Гранди исто така ја повика Унгарија да ја реши транзитната зона која е воспоставена, што допушта сите баратели на азил кои влегуваат во земјатада бидат затечени додека се проценува валидноста на нивните барања и идентитетите.

„Официјалните лица кои го напаѓаат потегот на градењеа ограда имаат став кој допушта голем број луѓе да влезат во земјата без никаков облик на контрола“, додаде Баконди.

 

Scroll to Top