Велика Британија низ историјата извршила инвазија на преку 90 % од земјите во светот

Од околу 200 земји, колку што постојат во светот, само 22 никогаш не ја искусиле британската инвазија. Ова е заклучок од новата студија на Британците.

Од земјите кои во текот на историјата од некакви причини биле цел на британските напади, само мал број е претворен во формални колонии.

Британија во времето на кралицата Викторија гордо се нарекувала империја во која Сонцето никогаш не заоѓало. Но, неодамна спроведената студија покажува дека нејзиниот вистински глобален досег бил далеку поширок отколку што би можело да се заклучи првично на темел на географските карти.

Велика Британија во одредени историски моменти нападнала речиси 90% од светските држави.

Студијата во која е опфатен дел од неодамна објавената книга All the Countries We’ve Ever Invaded: And the Few We Never Got Round To – „Сите земји кои досега ги имаме нападнато и оние неколку кои никогаш ги немаме“, е плод на двегодишната работа и истражување на авторот Стјуарт Лајкок. Студијата на темел на мапата покажува дека Британската Империја досега владеела со речиси четвртина од светската популација.

Лајкок постоечките светски држави ги разгледувал по алфабетски ред, проверувајќи дали британската војска некогаш чекорела на нивна територија, со сила, со закана на сила, на темел на договор или за плата, а ги опфатил и земјите кои биле цел на британските гусари, приватните војски и вооружените истражувачи.

На листата ги ставил и земјите како што се Костарика, Еквадор и Ел Салвадор, кои немале речиси никаква историска врска со Британија, но како дел од шпанската империја постојано биле цел на британските напади од море, изведени со знаење и одобрение на државата.

Првата инвазија, во 2 век од новата ера

Првата инвазија од Британскиот Остров е извршена на крајот на 2 век од новата ера, врз северна Франција, а меѓу помалку познатите од поновата историја е инвазијата врз Исланд во 1940 година, кога оваа земја како неутрална одлучила да влезе во војна.

Иако сметал дека добро ја познава историјата на својата земја, Лајкок тврди дека и самиот бил изненаден од вкупната бројка до која на крајот стигнал.

Единствена земја за која се верува дека по бројот на инвазии може да се мери со Британија е нејзиниот сосед Франција, која истовремено била и цел на најголемиот број британски напади во текот на историјата.

Многумина, како што смета Лајкок, би се изненадиле од тоа кои земји се нашле на списокот на нападнати земји:

  • Куба, каде во 1741 година силите под водство на адмиралот Едуард Вернон дошле на брегот кај заливот Гуантанамо. Тој го преименувал овој залив во заливот Камберлед, пред да бидат истерани од истиот поради непријателскиот став на локалните сили и појавата на болести. Дваесет години подоцна британските сили зазеле голем дел од островот Хавана.
  • Исланд, инвазија во 1940 откако Исланд како неутрален одлучил да влезе во војна на страната на сојузниците. Била извршена инвазија од страна на 745 маринци кои наишле на протест од страна на исландските влади, но не и на отпор.
  • Виетнам ја искусил инвазијата на Британија уште во XIX век. Последната инвазија, во 1945 -1946 година, била последица на британските борби со комунистите.

Лајкок пред да го состави списокот на вакви земји објавил книга за римската историја, а своето необично истражување го почнал откако неговиот 11-годишен син го прашал колку земји Британија нападнала.

По речиси две години истражувања, господин Лајкок бил шокиран од резултатите.

„Бев сосема изненаден од резултатите затоа што мислев дека сум релативно добро информиран за историјата, но постојат места кои не ми паднале на памет дека биле предмет на инвазија на Британија. Тоа ме шокираше“, изјавил Лајкок.

„Можеме да напишаме слични книги и за другите земји, иако пописот би бил далеку пократок. Американците подоцна почнале со оваа работа, но напорно работеле на ваквиот список во 20 век. Друг народ кој најмногу ѝ се доближил на Британија во оваа работа е Франција“, изјавил господин Лајкок.

„Сфаќам дека многу луѓе  не се согласуваат со моето истражување, но јас само сакам да потттикнам да се отвори дебата по ова прашање“, вели Лајкок.

Во случајот со Монголија, не можат да се пронајдат точни докази, но можно е и оваа држава да се нашла под инвазија на Велика Британија, иако сега се наоѓа на списокот на 22 земји кои не биле нападнати.

Монголија била зафатена со немири по Руската револуција. Лајкок открил докази за британската воена мисија во Русија околу 100 километри од монголската граница, но не можел да утврди дали интервенцијата ја опфатила и Монголија.

Истражувањето сега ги наведува имињата на земји на темел на сегашните национални граници и имиња. Многу инвазии се случиле пред да ги променат своите имиња. Истражувањето покрило 192 држави членки на Обединетите нации, како и Ватикан и Косово, кои не се членки на Обединетите нации, но признати се од страна на британската влада како независни држави.

Земји кои никогаш не биле предмет на британката инвазија:

1. Андора

2. Белорусија

3. Боливија

4. Бурунди

5. Средноафриканската Република

6. Чад

7. Конго

8. Гватамела

9. Брегот на Слоновата Коска

10. Киргистан

11. Лихтенштајн

12. Луксембург

13. Мали

14. Маршаловите Острови

15. Монако

16. Монголија

17. Парагвај

18. Сао Томе и Принсипе

19. Шведска

20. Таџикистан

21. Узбекистан

22. Ватикан

Најраната забележана инвазија се случила на Галија, денешна Франција, на крајот на вториот век. Тогаш британската војска ја водел Клодиус Албинус, кој се обидел да ги освои царските престолнини. Војската е поразена  во Лион.

Лајкок додал: „На едно ниво, за Британците е неверојатно зачудувачки што ова е дел од нивната историја, но на друго ниво, јасно е дека тоа е дел од историјата на која сме по малку горди. Книгата не нуди какви било морални норми и пресуди во врска со нашата историја. Таа требало тоа да го претстави на забавен начин“.

Scroll to Top