(ВИДЕО) Америка добива конкурент – Кина го покажа својот најдобар дрон кој носи 24 ракети и лета 10.000 километри

By

Кина успешно го тестираше серискиот модел на својот шпиунско – ударно беспилотно летало CH-5 (Caihong-5) кој се смета за најсовршен кинески дрон.

dobivaj vesti na viber

Централната телевизија на Кина објави дека летот трае подолго од 20 минути, и дека CN-5 успешно се приземји на еден аеродром во провинцијата Habei.

Водителот на проектот „Caihong“ – Оу Junmin – изјави дека веќе неколку земји сакаат да преговараат за купување на Ch-5.

Нагласи дека тоа се земји кои веќе поседуваат претходна, стара верзија на „Caihong“.

Дронот CH-5 се консултираше со Кинеската академија за аеро вселенска аеродинамика.

Главниот конструктор на серијата „Caihong“, Shi Wen, истапи со тврдењето дека CN-5, во однос на што не заостанува зад американскиот дрон MO-9 Reaper, кој Американците го сметаат за најдобар во светот во неговата класа.

Октри дека CN-5 е направен од композитни материјали и дека може непрекинато да лета до 60 часа. Три пати е подолг од своите претходници од истото „семејство“.

Додаде и дека може да прелета и до 10.000 километри, носејќи до еден тој терет. Поточно, може да носи 24 ракети.

Во октомври минатата година, корпорацијата на авио-индустријата на Кина за прв пат го покажа прототипот на ударното беспилотно летало „Сенка на облакот“.

 

Ќе ви се допадне