(ВИДЕО) Бритни Спирс: Принцот Вилијам не е човек!

Бритни Спирс изјави на блиските пријатели и својот персонал, дека Принцот Влијам за време на поголема возбуденост, се претвора од човечки во рептилски облик.

Објаснувајќи дека имала „сајбер романса“ со принцот, пред да биде во брак, пејачката изјави дека поминала многу време, разменувајќи со него електронска пошта, дури и видео повици со наго, а правеле и планови да се најдат на вечера.

Но, сега откриено е дека Бритни го откажала излегувањето на вечера откако била сведок на „претворањето на принцот Вилијам во рептил и тоа повеќе пати. На прашањето колку пати е тоа „премногу пати“, Бритни одговорила: „два пати“.

Пејачката во моментот се опушта во својот дом во Лос Анџелес и снима фитнес видео материјали од завршената светска турнеја, која ја имаше нешто претходно ова лето. Блиските пријатели и персоналот велат дека таа се осигурала и со фотографии и видео докази, со кои би можела да ги потврди своите тврдења за принцот Вилијам.

„Не е само Вилијам, такви се повеќето во кралското семејство“, изјави Бритни, опишувајќи го Вилијам како „боја на валкана вода, болесно сива боја“, кога го превзема својот рептилски облик.

„Тој има блескави заби, црни очи и љушпа која свети по целото тело. Ви велам дека тоа момче не е човек“.

Принцот Влијам се префрли меѓу овој облик и човечкиот облик „два пати“, откако го запознав преку видео повик.

Пејачката тврди дека го преиспитала својот разум првиот пат, особено откако Вилијам станал „сладок и шармантен“, по што се префрлил назад во својот човечки облик.

„Но, потоа повторно се случи истото. Лицето му блесна меѓу човек и рептил. Можев да ги видам неговите рептилски заби како блескаат во светлото на мониторот“.

Бритни им рекла на своите пријатели и соработници дека верува дека Вилијам го променил обликот во текот на првиот видеоповик, како знак на сила и предупредување да не си игра со доминантното рептилска-илуминатска крвна лоза, во која тој бил на позиција на голем свештеник.

„Тој ме намами во својот култ, но истовремено ме предупреди на начин како тоа ќе се изведе“, изјави Бритни.

„Не можев сето тоа да го поднесам. Тоа беше премногу за мене“.

Таа неодамна изјави за израелскиот новинар Јеодит Ахронот, наведувајќи дека животот и бил надвор од контрола во дваесетите години кога се дружела со принцот Вилијам, алудирајќи на тоа дека можеби била под контрола на Илуминатите.

„Беше така сладок, но тоа беше дел од замката. Јас бев намамена во однос од кој никогаш не би била во можност да се ослободам.

„Мојот живот беше под контрола на премногу луѓе, и всушност не ми допуштија да бидам она што сум…

„Во таа ситуација, кога не се контролираш самата себе си, стануваш возбудена, со помалку страст, кога станува збор за музиката. Напишав дека тогаш бев изгубена и дека не знаев што со себе.

„Се обидов да им угодам на сите околу себе, затоа што тоа е тоа што е длабоко во мене. Постојат моменти во кои се осврнувам и си мислам: „Што по ѓаволите тогаш сум размислувала?“.

 

Scroll to Top