(Видео) Фармер забележал мистериозна огнена топка на небото

Локален фармер, кој живее во близина на еден град на северозапад во Јужна Африка, споделил снимка од безбедносните камери на која може да се забележи удар на метеор во земјата.

Според неговите зборови, во саботата во 18.49 часот по локално време луѓето наводно забележале светлина што паѓала од небото, па на почетокот мислеле дека е во прашање авион.

Фармерот изјавил дека сите заедно почнале да го бараат, но набргу потоа од забележаните снимки увиделе дека сепак во прашање е метеор.

Можно е тоа да е истиот метеор што го запалил небото во Кина претходно во саботата вечерта.

Сведоците останале заслепени од светлината што бргу се претворила во облик на пламена топка над кинеската провинција Јунан, а Опсерваторијата на Кинеската академска наука соопштила дека станува збор за метеор.

Корисниците на социјалните мрежи исто така споменуваат дека метеорот е откриен и добил привремено име ZLAF9B2.

Според зборовите на физичарот и радиоастрономот Маршал Еубанкс, ова е редок случај во кој е откриен метеор пред ударот.

Scroll to Top