(ВИДЕО) Ќе изгориме како мравки! – Колку е моќна Хидрогенската бомба!

Северна Кореја наводно ја тестираше термонуклеарната или хидрогенската бомба, која важи за најразорното оружје во светот.
Силата на H-бомбата, се заснова на експлозија која се ослободува при фузијата на водород изотопи.

И атомската и хидрогенската бомба е еден вид на нуклеарно оружје, што значи дека енергијата се ослобдува за време на нуклеарната реакција.

Но, начинот на кој се ослободува енергијата е различен, што доведува и до разлика во силата.

Една од најголемите разлики е што атомската бомба се користи во нуклеарна фисија, која поголемиот атом го дели на два помалки за да создаде енергија.

 

Хидрогенската бомба, е далеку посилна од атомската, користејќи фузија, односно два или повеќе помали атоми, кои ги спојува во еден голем.

Приказните за Х-бомбите станаа актуелни во 1942 година, кога Едвард Телер, американскиот нуклеарен физичар, од унгарско потекло, на јавноста и ја претстави идејата за „супербомба“.

Телер сметаше дека бомбата која би функционирала на ист начин како и Сонцето би била во состјба да ослободи незамислива количина на енергија.

Постоела логична полемика за исправноста на развивањето на едно такво оружје, кое во 1950 годиа, го прекина претседателот на САД Хари Труман, наредувајќи да се почне со изработката на H-бомбата.

 

Две години подоцна САД ја извршија првата голема проба на малиот остров во Маршаловиот архипелаг.

Моќта на експлозија ги надмина сите очекувања.

Нејзината сила е процененат на 10,5 мегатони, што е за 450 пати повеќе од бомбата фрлена на Нагасаки.

Пробниот остров буквално испарил, а на негово место е создаден подводен кратер широк два километри.

Набрзо по тестирањата, со свои проби излезе и СССР, за да не заостане во трката во вооружување во текот на Студената војна. Советите биле тие кои на Арктикот ја изведоа пробата на таканаречената царска бомба – најсилната во историјата.

За време на тестот во 1961 година настана нуклеарна печурка висока 64 километри, а широка 40 километри, при што силата на експлозија достигна речиси два проценти од силата на Сонцето!

За среќа до ден денешен, оваа бомба не го напушти своето место во складиштето на големите сили, и никогаш не е употребена во војна.

 

 

Scroll to Top