(ВИДЕО) Кога ќе ја прочитате оваа луда теорија, приказните дека Земјата е рамна, ќе ви се чинат сосема нормални

Ако спаѓате во кругот на претерано либерални луѓе, кои нема нервнозно да одмавнат со рацете или да започнат вербален напад, секој пат, кога пријателите ќе им сервираат некоја целосно заблудна теорија, за која сте прочитале на нет, а можби сте имале „среќа“ и да наидете на поединци кои веруваат во прастарата теорија за рамната Земја. Ако сте малку посреќни, можеби ви се посреќило да некои од нив веруваат и во далеку поегзотичната теорија за шупливата Земја.

И додека рефлексанта реакција на сите оние кои веруваат во оваа приказна се наречени празноглавци, всушност станува збор за една од најдолговечните теории кои не забавува од 17 век.

Кога би ја доживувале исклучиво како дело на фикција, а не нешто во што навистина верувате, би се работело за прилично забавна премиса за книга или филм. Џулс Верне, работата ја заврши совршено, а дури ни холивудскиот блокбастер, како што е „Патот во средиштето на Земјата“, не е најлошата работа која можете да ја погледнете во кино.

Но, работите се далеку позанимливи кога ќе се појават оние кои идејата ја доживуваат како научно докажан факт.

Како сето ова започна?

Човекот кој го започна овој проект е, ни повеќе ни помалку туку, Едмонд Халеј, англиски астроном математичар и физичар, кој го предвиде враќањето на кометата во 1758 година, а според кој го доби и името Халеевата комета.

Тој, имено уште во 17 век, тврдеше дека Земјата е шуплеста, дека живееме на надворешната кора, која е 500 милји дебела, а под неа се наоѓаат неколку прстени. Според неговата теорија, Земјата во пресекот изгледа како мета. До оваа теорија дојде кога на темел на неправилното читање на компасот, кое се појавува кога уредот ќе се најде во близина на половите, заклучи дека токму тие наводни „внатрешни светови“, се тоа што го ремети Земјиниот магнетизам.

 

Оваа идеја е развиена во наредните 100 години, а следните големо откритие се појави на почетокот на 19 век, откако војникот Џон Клевес Симес Џуниор, утврди дека постојат неколку влеза во шуплината на Земјата.

„Тврдам дека Земјата е шуплеста и дека внатрешноста е погодна за живеење. Се колнам во животот дека ова е вистина и подготвен сум да ја истражам шуплината ако светот ме поддржи и ми помогне во овој потфат“, напиша Симес во 1818 година.

До почетокот на 20 век, оваа теорија полека почна да исчезнува, откако научниците потврдија дека не држи вода. Но, како што е тоа случај и со многу други теории и оваа од низа причини се одржала. Еден од најважните беше дека таа теорија на животот, ја одржувала научно-фантастичната заедница, примерите на Џулс Вернес и неговиот „Пат до средиштето на Земјата“. Верн и Вилијам Р. Брадшов, се заслужни што теоријата низ фикција стнаала дел од колективната свест, и во комбинација со Хелееовата и Симесовата идеја, станала она во што некои поединци до ден денешен веруваат.

А теории ги има многу. Од оние кои веруваат дека во внатрешноста на Земјата се наоѓаат егзотични животни, преку оние кои сметаат дека тоа е место од каде настануваат вонземјаните, до оние кои се уверени дека токму исчезнатите истражувачи ја открија оваа „утопија“ и со време исчезнале.

Во средиштете е едно сонце и луѓе… Очигледно!

Во новите времиња се појавија далеку покреативни теории со религиски елементи, па и Родни Клиф во 2008 година издаде книга „Our Living Hollow Earth“, во која тврди дека таму живеат изгубените израелски племиња, и дека тоа е местото на кое се наоѓаат рајот и пеколот.

 

И не се работи за научна – фантастика, Клиф најискрено верува дека во средиштето на Земјата се наоѓа едно Сонце, и дека внатре во кората настануваат луѓето: „Таму живеат Германци, кои побегнале по Втората светска војна, викишки колонисти од Гренланд, а очигледно таму живеат и Инути затоа што кога би ги прашале од каде доаѓаат, би им покажале од север и би рекле дека доаѓаат од земјата во која Сонцето никогаш не заоѓа.

Не им е лесно на шупоземјашите

Вистина, во денешно време, теоријата за шуплестата земја не е популарна како некои други, и малку има места, на кои овие луѓе во кои веруваат во истата би можеле да разменат свои мислења и теории, но нивните приказни повторно стануваат се популарни. Но, постои уште еден проблем затоа што освен обичните цивили, кои се рамнат со науката и здравиот разум, овие луѓе, добиваат низа на критики од оние кои веруваат дека Земјата е рамна (добро прочитавте, „рамноземјашите“, почнаа да исмеваат други). Токму тие се најголемите критичари на оваа теорија, затоа што реално гледано, една теорија ја поништува другата.

„Рамноземјашите очигледно не се во право. Земјата е сфера и е шуплива. Не мислам дека нивната теорија држи вода, но ги ценам нивните ставови. Не сакам да ги исмевам луѓето“, објаснува Клиф и додава дека постојат низа на докази кои ја поддржуваат теоријата во која тој верува. Од германски подморници кои на некои места случајно залутале, до пилотите кои слетале со авионите во средиштето на Земјата. Така случајно. Единствен проблем е што „шупоземјаците“, веќе со векови се обидуваат да го пронајдат влезот, а потрагата трае до ден денешен.

 

Најлудата експедиција на (шуплината) на Земјата

Една од последните големи експедиции е таа од 2007 година, кога Клиф и останатите теоретичари наумиле да тргнат на далечен пат кој би чинел 20.000 долари. Од Москва би тргнале за Северниот пол, и три дена би поминале барајќи го влезот.

Приказната станува легендарна и во неа се збори дека откако ќе го најдат влез во еден планински пат, каде стои дека потоа би тргнале кон реката Хидекел, до градот Јехуа, по што со „подземна железница“ би се упатиле кон градот Еден каде би ја посетиле палатата на „Кралот на внатрешниот свет“. Се на се, совршено осмислено.

 

За жал, планот пропаднал откако водачот, Стив Кјури, починал од рак на мозокот. Другиот водач загинал во авонска несреќа, а третиот морал да се повлече откако најголемиот инвеститор во неговата компанија, му се заканил дека ќе ги повлече парите, ако не се откаже од своите уверувања за шуплестата Земја. Групата уште неколку пати се обидела да тргне по патот, но им требал нов водач. Клиф тврди дека тој не бил тоа, затоа што на дружината и била потребна авантурист, а тој бил само писател.

„Постојат луѓе. Тони луѓе покажаа интерес за оваа експедиција, под услов да успееме да собереме финансии. И не велам дека постојат милиони луѓе кои веруваат во ова, но сигурно ги има илјадници“, тврди Клиф.

А, ако се суди според се поголемиот број на поборници, и по сите луѓе и луди теории, може да бидеме прилично сигурни дка новата експедиција нема предолго да ја чекаме.

 

Scroll to Top