(ВИДЕО) Мистериозен круг на небото предизвика паника кај граѓаните

Жителите во Британија на небото забележале невообичаен црн круг .

На почетокот мислеле дека се работи за обичен облак кој добил црна боја, поради чадот од пожарот за кој се мислело дека се случил во близина. Но противпожарните служби во градот ја демантирале таквата информација.

Локалната метеоролошка станица исто така не можела да најде објаснување за ваквиот природен феномен, по што жителите останале да погодуваат за што всушност станува збор:

Некои на шега велат дека се вонземјани, а некои од граѓаните велат дека е врата за некој паралелен универзум.

Ова не е прват да се појави вакво нешто. Минатата година сличен облак, во форма на круг се појавил во Америка, над небото на Калифорнија и на уште неколку места во светот.

Scroll to Top