(Видео) На Земјата постоеле цивилизации и пред човекот

Еден настан кој на Земјата се случил пред 56 милиони години може да биде доказ дека постоела цивилизација пред човековата.

Во прашање е палеоценско-еоценски топлотен максимум (PETM) кога Земјата се затоплувала значително повеќе од денешната температура и од таа причина ледот на половите се растопил.

Можеби звучи како теорија на заговор, која може да се најде на страниците што се занимаваат со НЛО, но научниците сериозно ја истражиле оваа идеја.

Професорот Адам Френк од универзитетот во Рочестер смета дека истражувањето во Атлантикот би можело да даде увид во пронаоѓањето вонземјани или за нашето влијание на Земјата.

„Тоа е загатка. Ако индустриската активност на еден претходен вид е краткотрајна, можеби нема да може толку лесно да ја забележиме“, смета Френк.

Можеби би требало да се земат предвид новите методи на откривање докази за краткотрајните настани што оставиле трага во седиментите. Со други зборови, ако нешто експлицитно не побарате, можеби никогаш нема да го видите, пренесува „Метро“.

Френк вели дека истражувачите размислуваат за тоа што сѐ нашата цивилизација би можела да остави во карпите, а тоа да го пронајдат идните цивилизации. Пластика во океанот, доказ за преработката на ѓубривата и фосилните горива.

„Цивилизацијата би можела, по колапсот, да ги поттикне условите за создавање повеќе фосилни горива, кои ќе може да ги користат идните генерации. Нашата работа отвори шпекулации за тоа дека некои планети би можеле да имаат циклуси на изградба и пропаѓања на цивилизации. Ако цивилизацијата користи фосилни горива, климатските промени би можеле да доведат до големо намалување на нивото на кислород во океаните“, заклучува Френк.

 

 

Scroll to Top