(Видео) НЛО минало покрај спасувачки хеликоптери

Неидентификуван летечки објект е снимен како лета над брегот на Франција и минува покрај спасувачки хеликоптер.

Неверојатната снимка настанала во 2014 година и веднаш станала вирална на социјалните мрежи благодарение на поранешниот припадник на британските воздухопловни сили Џејсон Гливи. Тој открил детали од инцидентот во неговата нова книга за НЛО.

На снимката најпрво се гледа спасувачкиот хеликоптер кој забрзано се приближува кон шпански товарен брод, кој претходно поради дефект со моторот се насукал на крајот на југозападниот брег на Франција.

Изненадувачки, покрај хеликоптерот пролетуваат два објекти, а на забавената снимка се гледаат два идентични диска кои летаат со голема брзина.

Гливи ја проучувал снимката користејќи најнова компјутерска технологија и смета дека објектите не се ниту дронови ниту галеби.

„Објектите пролетуваат со голема брзина и опасно се затвораат. Постои можност да е во прашање беспилотни летала или дури и птици, но тоа е малку веројатно затоа што не би се изложиле на блиска опасност од хеликоптерите поради нестабилните и непредвидливи временски услови“, вели Гливи.

 

Scroll to Top