Цукенберг давал доверливи податоци за да му помогне на Обама да победи

Поранешната соработничка на Барак Обама, Керол Давидсен, шокираше голем дел од јавноста откако откри дека социјалната мрежа „Фејсбук“ им дозволила на луѓето кои работеле за поранешниот претседател на САД за време на неговата претседателската кампања во 2012 година да имаат целосен пристап до податоците на голем број корисници на „Фејсбук“.

Керол Давидсен, која работела како директор за медиумите во штабот на Обама, на „Твитер“ објавила дека таа и нејзиниот тим можеле да користат голема количина информации откако добиле одобрение од самите фејсбук-корисници да имаат пристап до листата на нивните пријатели.

„Луѓето на ‘Фејсбук’ беа изненадени кога увидоа дека можеме да им ги извлечеме буквално сите лични податоци. Но, нас не нè спречија дури ни кога сфатија што работиме“, напишала Керол.

Судејќи според нејзините зборови, не само што никој не се обидел да ги спречи туку од компанијата „Фејсбук“ им рекле дека ќе направат исклучок во овој случај.

„Еден ден пристигнаа во нашата канцеларија и отворено ни рекоа дека имаме дозвола да правиме работи кои на другите луѓе никогаш не би им ги дозволиле. Потоа ни објаснија дека таквата моќ ни е дадена затоа што тие биле на наша страна“, објаснува Керол.

Таа овие податоци ги објави кога „Фејсбук“ се најде под нов удар на јавноста по излегувањето на личните податоци користени за обезбедување поддршка на актуелниот американски претседател Доналд Трамп во текот на претседателската кампања во 2016 година.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

Scroll to Top