(Видео) „Вашиот син е куче и вие не сте посакувани овде“

Член на израелскиот парламент се качи во автобус во насока на Појасот Газа и нападна палестинска жена која била во посета на синот во израелскиот затвор говорејќи и дека нејзиниот син е куче, инсект и терорист.

„Вашиот син е куче. Тој е куче. Вие сте дошле да посетите шлајм што седи овде во темница, кој го гледате како свој член на семејството“, изјави израелскиот член на парламентот, Орен Хазам, во видеото што набргу потоа заврши на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Јас сум член на Кнесета (израелскиот парламент)“, изјави тој додавајќи дека ќе се погрижи да не ѝ биде повеќе дозволено да доаѓа во посета овде.

„Вашите пријатели во Газа ги држат нашите браќа“, ѝ викнал Хазам на госпоѓата.

Хазам не прекинал, тука и на жената ѝ се обратил:

„Ако не ја пренесете пораката дека ги сакаме нашите деца назад, никогаш повеќе нема да го видите својот син или сопруг“.

Израелскиот пратеник, кој е член на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, отиде и чекор понатаму кога ѝ се закани со смрт на жената велејќи ѝ:

„Ние ќе му ја покажеме на вашиот син земјата и доколку продолжиш вака, нема повеќе да го видиш жив“.

Хазам се качи во автобусот што ги пренесувал палестинските семејства во строго чуваниот затвор „Нафха“ во јужната израелска пустина.

Во објектот главно се наоѓаат Палестинци осудени за антиизраелски дела. Автобусот бил во придружба на работници од меѓународниот одбор на Црвениот крст (ИЦРЦ).

Црвениот крст истакна дека Израел мора да ги засили безбедноста и достоинството на Палестинците што сакаат да ги посетат своите членови и нивните семејства во затвор.

„Семејствата имаат право на посета на своите најмили на достоинствен начин“, изјави Сухер Заккут, портпаролот на ИЦРЦ.

„Мора да постои одговорност од надлежните тела за да се осигури дека посетите се одвиваат безбедно и без никаква пречки“.

Самиот затвор „Нафха“ го крши меѓународното право, многумина од палестинските затвореници доаѓаат од територии под израелска окупација. Семејствата на затворениците на тој начин мора да поднесат барање за издавање дозвола за влез во Израел, која е тешко да се добие.

Парламентарецот Хазам веќе привлече внимание со својата контроверзност и екстремни акробации во изјавите. Во јули тој објави видео на „Фејсбук“, со кое се закани дека ќе ги погуби сите членови на еден Палестинец кој наводно убил тројца Израелци на Западниот Брег кога Израел почнач да го спроведува строгото ограничување на влез за Палестинците.

Scroll to Top