Викторија и Карл го наследиле богатството од дедо им, кој им продавал оружје на нацистите

Викторија Катарина Флик и Карл Фридрих Флик се најмладите милијардери неодамна објавени на Блумберговата листа, со проценета вредност од 1,8 милијарди долари. Деветнаесетгодишните близнаци своето наследство го наследиле од својот дедо, некогаш најбогатиот човек во Германија, кој своето царство го изградил благодарение на производство на оружје за време на нацистичка Германија. Нивниот татко, од друга страна, бил вмешан во големи политички скандали и за малку ќе го прокоцкал семејното богатство. Сепак, оставил доволно за да можат денес Викторија и Карл да бидат најмладите светски милијардери. Зад сето тоа богатство, со кое се управува од семејната канцеларија со седиште во Австрија, се крие мрачна историја.

Богатството на семејството Фликс влече корени уште од Фридрих Флик, кого судот во Нинберг го осудил за робовладетелско експлоатирање, односно затоа што експлоатирал луѓе кои работеле на производство на оружје за нацистите. Создал царство на челик кое го проширил со преземање на компаниите кои биле под нацистичка окупација, особено преку еврејска компанија која подоцна му била одземена.

За време на неговата кампања, според некои податоци, умреле речиси 40 000 работници.

Од затвор е пуштен во 1950 година, по помилувањето кое за уште неколкумина германски индустријалци го одобрил висок американски комесар. САД и Велика Британија му ги вратиле неговите пари и средства, вклучувајќи и еден Евреин. Ја продал својата компанија за производство на јаглен и инвестирал во низа различни фирми, меѓу кои и во Daimler-Benc AG, каде што станал мнозински акционер.

За разлика од другите богати германски династии кои својот имот го заработиле преку експлоатација во нацистичката ера, како семејството Куанд и Еткер, кои подоцна морале да го вратат својот имот, Фридрих Флик и неговиот син, кој тогаш станал единствениот сопственик на конгломератот, тоа никогаш не го направиле. Фридрих Флик ја бранел својата невиност и нагласувал дека нема ниту легална ниту морална обврска да го врати својот имот. Неговиот син, пак, немал некакви интелектуални амбиции да се носи со комплексното германско минато. Фридрих Карл по смртта на татко му во 1972 година, го презел управувањето на компанијата. Станал единствениот сопственик неколку години по смртта на својот татко, откако ги исплатил сите членови на семејството. На средината на 80-тите години од минатиот век тој бил вплеткан во скандал со илегални политички донации кои довеле до оставка на германскиот министер за економија и парламентарниот претседател. Флик негирал дека знае нешто за уплатите, па против него не било покренато обвинение. Во 1987 година негов близок соработник бил казнет поради избегнување да плати данок, пишува Блумберг. Во 1985 година компанијата ја продава на „Дојче банк“ за тогашни 5,36 милијарди германски марки (нешто повеќе од две милијарди долари) и тогаш се повлекува од јавноста. Десет години потоа се преселил во Австрија каде што живеел со својата трета сопруга, Ингрид Рагер, која од него била помлада 32 години. Се запознале во еден ски-центар каде што Ингрид работела на рецепција. Починал во 2006 година, кога негови деца близнаци имале само седум години.

По неговата смрт, на секое од децата му оставил околу милијарда долари. Денеска со нивното наследство управува семејната фирма Flik Privatštiftung, која не сакала да го коментира семејното минато. Нивното наследство е во рацете на луѓе со долгогодишно искуство во банкарскиот свет. За коментари не биле расположени ниту неговите постари деца, од вториот брак, на кои исто така им оставил богатство од 1,8 милијарди долари. Младите богаташи тогаш се обиделе да живеат нормален живот, за што особено внимание водела нивната мајка.

„Добиваат пари уште од второ одделение, сума што  не е поголема од онаа што ја добивале нивните родители. Тоа е многу важно и на тој начин ќе научат да располагаат со парите. Не сакам да бидат поинакви од другите деца“, изјавила Ингрид.

Во еден момент таа рекла дека не им дозволувала да употребуваат кредитни картички затоа што децата мораат да научат дека не се ништо посебно, но дека презимето Флик ги обврзува. Близнаците животот го живеат далеку од очите на јавноста, па така никогаш не биле објавени нивни фотографии. За сестрата малку се знаело, а за братот е познато дека се занимава со спорт и мечување. Одел во државно средно училиште во Австрија, а на 13 години се преселиле во приватна вила со тениски терен, диск и други интересни содржини. Но, дури и по смртта на Фридрих Карл Флик, не можеле да го избегнат мрачното семејно минато. Во 2008 година ограбувачи на гробови го украле неговиот мртовечки ковчег во Велден. Барале откуп од шест милиони евра. Крадците биле фатени, а остатоците од Флик биле пронајдени во Унгарија и набрзо биле вратени во Австрија.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top