Во 2021 година ќе се произведуваат хамбургери без убивање на животните

Во бизнисот влегуваат двата најголеми богаташи, а хамбургерите ќе бидат вкусни како и вистинските, без хормони, антибиотици и бактерии.
Некои родители се наоѓаат на маки кога на своите деца треба за прв пат да им одговорат на прашањето од каде потекнуваат парчињата пилешко, телешко, зајачкото месо или сите останати видови на месо од кои се прават вкусните хамбургери.
Одгледувањето на животни за месо во светот, ослободува 18%, односно речиси една петина од целокупната емисија на јаглерод диоксид и претставува една од главните причини за згаснувањето на одредени видови на Земјата. Поради истата причина, во последните години, стапката на смртност е драстично забрзана во однос на умирањето предизвикано од природни причини.
Американскиот Конгрес неодамна во процедура пушти предлози со регулаторни мерки за одгледувањето на месо во лабораторија. Со ова прашање се занимаваат двајца нетипични милијардери, Бил Гејтс и Ричард Брансон, па многумина експерти на оваа тема сметаат дека човештвото најдоцна за три години ќе доживее револуција во прехрамбената индустрија. Ќе се произведува месо за кое нема да мора да се убиваат животните, нема да мора да се испуштаат небројни милијарди тони CO2 во атмосферата и конечно истото нема да биде загадено со хормони, антибиотици, бактерии и вируси.
Уште во 1952 година, научно фантастичниот писател Фредерик Похл, го опишал ваквиот начин на производство на вештачо месо во својата книга „Вселенски трговци“ и во старите изданија преведени и како „Рекламокрација“.
Пишувал и за одгледување и развој на мускулни станици од матичните клетки. Нешто слично, тоа го споменал и Артур Кларк во својата книга „Матична Земја“. Токму тоа е она што, најдоцна до 2021 година има намера да го постигне компанијата „Memphis Meats“. Од една единствена матична клетка, во рок од 50 дена, да може да произведе 10 тони висококвалитетно месо. Количина која одговара на годишната месечна прехрана, за околу 200.000 западни Европјани во просек. И тоа само од една клетка.
Има голем број на причини зошто ваквиот потег ќе направи драстична разлика меѓу опстанокот и просперитетот, односно пропаста, или во најдобар случај мачната стагнација и човештвото и природата на Земјата. Поради човекот голем дел од светот останува без шуми, се исушуваат огромни колични на извори на вода, енергија, а површините за израснување на билките кои претставуваат и прехрана за одреден број на животни, остануваат уништени. Да не зборуваме за тоа дека ваквото месо и еколошки и етички и здравствено ќе биде неспоредливо повеќе прифатливо, а по некое време и значително поевтино, што би претставувало огромен чекор во искоренувањето на сиромаштијата на добар дел од човештвото. Уште во август 2013 година, Марк Пост, холандски научник и основач на компанијата „МosaMeat“, му го претставил на светот хамбургерот, чија главна состојка во целост била одгледана „надвор од кравата“. Таа која добила чест да го проба прва историскиот хамбургер, била австралискиот нутриционистички научник Хани Ритцлер.
„Многу случно месо“, изјавила таа за време на тој историски настан. Било тоа момент кој бил значаен и по тоа што, уште тогаш се видела и најголемата пречка за масовно прифаќање на ваквиот хамбургер. Ако се гледа од рационална и логична гледна точка, овој вид на хамбургер е многу поприфатлив начин на прехрана од месото кое го конзумираме сега.
Иако и самиот научник била свесна за тоа дека за овој вид на хамбургер нема место за било каква предрасуда, Хани гризнала од хамбургерот и темелно го изџвакала, а потоа размислувала за вкусот. Содржината во устата пристојно потоа ја голтнала. Сепак никој не вели дека луѓето нема да мораат да се научат да се привикнуваат. А тогаш пред пет години, овој хамбургер бил прототип, за кој јасно и очигледно било дека ќе има низа на гастрономски недостатоци, иако Марк Пост за неговото производство потрошил дури 250.000 евра. Од тој момент истражувачите не седеле со скрстени раце, ниту чекале колегите технолози на основа на тие четвртина милион евра вреден прототип да изградат цела индустрија. Во меѓувреме успеале да пронајдат начин како тие вештачки одгледани клетки, произведат миоглобин, за да месото ја добие онаа боја по печењето и готвењето. Пронашле начин и да одгледаат адекватна количина на масни клетки во тоа месо.

Некои светски медиуми денеска проценуваат дека реалната малопродажна цена, во овој момент, за еден таков вештачки хамбургер, би била 11 евра по парче. Колку работите отишле предалеку, покажува и фактот што за овој случај се ангажирал и американскиот Конгрес, а тоа сигурно не било лесно, ако се земат во предвид интересите, лобирањето и моќта на огромни индустријалци низ САД, кои ги држат сточарските магафарми, кланици и преработувачката индустрија, која во западната култура постои од памтивек. За таквите луѓе, од кои многумина се и милијардери, оваа вест нема премногу да ги израдува. Можноста, како што неодамна изјавил Ерик Шулц од „MepmhisMeat“ да се одгледува, единствена клетка од која може да се добие месо како од 10 крави, нема премногу да биде профитабилна за истите и сигурно нема да им го разубави денот, а сигурно ќе направат се што е во нивна моќ за да го спречат тоа. Тоа може да се види по низата инвеститори во прехрамбената индустрија, кои уште во овој момент сакаат да завземат предност на пазарот. Вкупно 17 милиони долари во „MemphisMeat“ не се вложени само од страна на визионери како Гејтс, Брансон или Елон и Кимбал Муск.

Тука се и типови кои со својот живот и дела, веќе со децении докажуваат дека ги интересира само профитот, кои за дланка долари се кадарни да ја продадат и сопствената баба. Во компанијата свои пари вложиле меѓу останатите и Џек Велч, познат по неславниот надимак „неутронски Џек“, од корпорацијата „Cargill. Што се однесува до Марк Пост, тој веќе одамна се води како истакнат инвеститор во својот „MosaMeat“, компанија во која го зема и компјутерскиот научник Сергеј Брин. Овој 45 годишен соработник на Google, оваа година, поради богатството од 47.2 милијарди долари, е прогласен за 13 најбогат човек на светот. Во секој случај, Брин е од оние луѓе кои вреди да се следат што прават, а сите тие луѓе се во тек во битката која следи за киднапирање на пазарот на храна во постоечката прехрамбена индустрија во светот.

 

Scroll to Top