Во емисијата „Стапица“ на Ратко Мартиновиќ целосно беше разобличен банкарскиот систем

Со оглед на огромниот заговор што е преплетен за човештвото, а тој е толку банален што луѓето покрај здрави очи не можат да видат за што станува збор, сега на хрватските телевизии се случи нешто што досега е невидено.

Емисијата „Стапица“ на новинарот Ратко Мартиновиќ, која се емитува на СВ-ТВ, во целост го разоткри функционирањето на банкарскиот систем. Откри што сѐ прават сопствениците на банките и на граѓаните на Хрватска им ја приближи баналната вистина за робовладетелското општество. Го откри вистинското лице на сопствениците на банките.

Гости во емисијата беа Марко Францишковиќ, книжевник и активист кој на едноставен начин објасни како целиот систем на банкарството се провлекува уште од древниот Вавилон и како Феничаните го донеле во Венеција. Како картелите и фамилиите на Ротшилд и Рокфелер преку банкарскиот инженеринг си ја осигуриле со векови власта, а глобалните кризи како онаа во 2008 година се само најнов начин на одземање на граѓанските имоти.

Целта на целата оваа приказна е единствената електронска валута, а доколку системот крахира, тие исти картели си ги осигуруваат државните власти со откупување на големите количини злато. Францишковиќ го разобличи и митот за квазисуверенитетот затоа што, како што тврди, суверенитетот не постои ако државата не создаде свои пари.

Гостин во емисијата „Стапица“ беше и Пашк Качинари, кој отвори цела палета на теми поврзани со настанувањето на техноменаџерската струја во 1965 година и со нејзината експанзија во текот на распадот на државата како се продаваа банките, а беше затворен и Иво Санадер, за кој тој тврди дека требало да биде тргнат исклучиво поради тоа што барал истрага на банката „Загреб“.

Во емисијата учествуваше и Дарко Петричиќ како автор на книгата „Хрватската банкарска мафија“ и банкарите ги нарече банкстери, еден вид мафијаши, поради гангстерската методологија на работа, а Дамир Трначиќ, пак, поентира со теоријата за пари, кои ги претстави како долг, кој со помош на каматата луѓето ги доведува до должничко ропство. Влегувањето во кредит е таков вид потпишување договор со пеколот во кој сите играат рулет не знаејќи дека сѐ е наместено.

Во продолжение гледајте ја емисијата во која тоа што е кажано тешко можете да го проследите на некоја друга телевизија. Овие факти се јасни и јасно покажуваат што банките прават, но тоа морало да биде јавно соопштено пред 20 години затоа што сега веќе е предоцна, граѓаните се задолжени и измамени и нема спас за никого, велат гостите во емисијата.