Во видео прикажани сите терористички напади од 1980 до 2015 година

На социјалната мрежа „Јутјуб“ се појави видео од сите терористички напади кои се случиле во светот во текот на последните 35 години.

Видеото, во кое во позадина се слуша реквием со музика на Моцарт, покажува каде и кога во светот се случиле терористички напади од 1980 година до 2015 година.

Леон Ман, творецот на ова видео, нè потсетува на изгубените животи во Париз, невидените злосторства во Бејрут, опсадата во Бамака и на уште многу масакри.

Најмногу ги имало околу Блискиот Исток, но со години немирите се приближувале кон Европа.

Леон Ман објавил видео во кое може да се види карта на светот од сите терористички напади и направил потсетник на сите жртви кои ги изгубиле животите во терористичките напади во Париз, Бамако, но и на сите жртви од Исламската држава, Ал Каеда и уште неколку терористички групации.

Убиствата на почетокот се случуваат околу Блискиот Иисток, но како времето минувало, тие се ширеле во Средна и Западна Европа, па дури и на места како Малезија и Аргентина.

Загрижува драстично зголемениот интензитет на напади кои се случиле на почетокот од новиот милениум од 2001 година до 2010 година, кога мамапата зацрвенува целосно, нешто што кулминирало со масакрот во Париз.

Scroll to Top