Водителот Карл Стефановиќ: Принцот Чарлс и принцезата Шарлот се вонземјани

Однесувањето на водителот на емисијата „Today“ – „Денес“, на Карл Стефановиќ, гледачите го нарекоа непримерно, откако тој на бизарен начин се пошегува на сметка на децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Додека била прикажана снимката како принцот Вилијам ги води принцот Џорџ и принцезата Шарлот во болница да ги видат нивната мајка и помлад брат, водителот изјавил дка децата изгледаат лажно и дека се вонземјани.

„Не би сакал да звучам како да немам почитување, но овие деца изгледаат како да се „вонземјани“, изјавил Австралијанецот со српско потекло.

„Сум рекол и претходно, па луѓето се налутија на мене, но овие деца изгледаат лажно, затоа што ниту едно дете не се однесува вака убаво“, истакнал тој.

Додал и дека се многу резервирани и дека не се однесуваат како просечните деца. Потоа ја прашал колешката кое дете се однесува како нив, на што таа одговорила дека тоа веројатно се деца кои биле израснати со повеќе дадилки.

Друга колешка на шега рекла дека тоа би можело да бидат и деца кои знаат дека зад врата ги чека цела корпа чоколатца, пренесува Дејли Мејл.

Карл продолжил со своите шеги и откако Кејт излегла од болница заедно со сопругот Вилијам и новото бебе. Истакнал дека не може да верува дека војвотката од Кембриџ изгледа вака свежо само неколку часа по пораѓањето.


 

 

Scroll to Top