За да докаже дека Земјата е рамна плоча, направил ракета и се лансирал

За да докаже дека Земјата е рамна плоча, Мајк Хјуџс (61) направил сопствена ракета и се лансирал преку 500 метри во воздух.

Ракетата слетала во пустината Мохава, а по прегледот на лекарот, утврдено е дека Мајк имал болки само во грбот.

„Се чувствувам многу полесно сега. Ми беше преку глава сите да зборуваат дека се преправам и дека не сум направил никаква ракета. Уморен бев од тие работи“, изјавил Мајк по слетувањето.

Иако неговото лансирање било закажано за крај на минатата година, поради бројните дозволи и технички проблеми, Хјуџс го одложувал летот до неделата. Тој инаку е возач на лимузина, а неговата ракета летала околу 15 часа. Откако досегнала одредена висина и брзина, се отворил падобранот. Ракетата и понатаму паѓала пребрзо, па се отворил и резервниот падобран. Целиот настан траел неколку минути.

„Дали верувам дека Земјата е рамна како фризби? Верувам дека е. Но, дали го знам тоа? Не. Затоа сакам да патувам во вселената“, вели Хјуџс.

Тоа е неговиот следен проект.

Мајк сака да изгради нова ракета што ќе го одведе до атмосферата.

Ова е веќе вторпат да направи ракета и да се лансира во воздух. Првиот пат тоа го направил во 2014 година, а за закрепнување од слетувањето му биле потребни три дена.

 

Scroll to Top