За говор на омраза на социјалните мрежи шест месеци затвор

Британските судии препорачуваат драконски казни за корисниците на социјалните мрежи кои споделуваат постови што поттикнуваат расна, верска или сексуална омраза кон малцинските групи.

Според предложените нови правила, оние што споделуваат или коментираат расистички или антигеј-објави, ќе бидат соочени со шест месеци затвор.

Критичарите велат дека ваквиот предлог ќе значи дека и оние неосновани навреди може да доведат до затворски казни.

Секој што е осуден поради организирана објава на говор на омраза и кој смртно им се заканува на други лица, ќе се соочи со казна до три години затвор.

Дури и некој чии зборови се проценети како омраза, но не претставуваат закана за нечиј живот, или стигнат до пошироката публиката, веројатно ќе бидат казнети со едногодишна затворска казна.

Критичарите исто така сметаат дека ваквите предлози значат дека и младите луѓе што непрописно се расфрлаат со расни, верски или сексуални навреди во групите на интернет, ќе бидат загрозени со казни затвор.

Ваквите препораки, кои препорачуваат и тримесечно советување, доаѓаат во време на влошување на чувствителноста на расизмот и малтретирањето на социјалните мрежи.

Освен долготрајната загриженост за материјалите што ги објавуваат екстремистите, обвинувања ќе бидат подигнати и против оние во политичката сфера и против познати лица.

Со ваквите предлози за говор на омраза се вклучува и оној говор на јавните лица што поттикнува на омраза преку онлајн-содржините. Потоа, оние што поттикнуваат насилство кон расните или верските групи на веб-страниците, потоа оние што малтретираат и навредуваат граѓани од пошироката публика во текот на подолг период.

За ваквите лица на говор на омраза преку социјалните медиуми овој престап ќе биде уште потежок.

Професорот Ентони Глис, директор на Центарот за безбедносни и разузнавачки студии на универзитетот во Бакингем, ги опишал своите насоки како бизарни велејќи дека не се доволно строги кон оние што се наменети“.

„Но, шест месеци за говор на омраза? Има ли доволно место во затворите за сите што шират омраза? Треба да постои закон што ќе ги разликува младите и неразумни поединци, кои говорат глупости, и реално опасните радикали и организатори на насилство, кои ги користат социјалните мрежи за да предизвикуваат хаос и смрт“, смета Ентони.

 

 

 

 

 

Scroll to Top