И ќерката на Хајди воодушеви со изборот на костим за Ноќта на вештерките

На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.

Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.

Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

Scroll to Top