Секси сестри и подобар живот

Освен што воодушевија со својот глас, сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ на „Златна бубамара“ го привлекоа вниманието и со стајлингот. Сестрите за настапот излегоа облечени во светкави комбинезони, Тамара во сребрен, а Тијана во црн. Со ова Тамара уште еднаш покажа колку многу ослабнала последниве месеци и дека изгледа одлично.

Тамара и Тијана испеаја неколку светски хитови. Тијана доби награда за најдобар мултимедијален уметник. Тамара, пак, излезе на сцената со Дадо Топиќ и заедно ја испеаја најсловната песна од хит-серијата „Подобар живот“.

Scroll to Top