Privacy Policy (Cookies)

Политика за користење на колачиња (cookies)

Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на вашиот уред, испратени од интернет страницата која ја посетувате, и нашата интернет страница ги користи за овозможување на основно функционирање на страницата, но и подобрување на вашето искуство додека ја користите истата. Друштво за трговија и услуги Клип Медиа Груп ДОО, како сопственик на Reporter.mk, ја почитува вашата приватност и ги штити вашите личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци и General Data Protection Regulation 2016/679 на Европската Унија. Колачињата се користат во согласност со сите позитивни законски регулативи и се правен инструмент во преработувањето на информации преку филтер за безбедност на приватноста при користење на интернет страници.

Внимателно прочитајте ја оваа Политика за користење на колачиња која ги опишува видовите на колачиња што ги користиме на интернет страницата, за да бидете информирани за сите детали околу користењето на колачињата, како и информациите и податоците кои се користат за повеќе цели.

Колачињата вршат суштински функции во мрежата и некои од нив се неопходни за функционирање на интернет страницата, додека други се однесуваат на приспособување на содржината на интернет страницата, како преглед на статистички податоци за посетите на интернет страницата или за таргетирано рекламирање и др.

Какви видови на колачиња користиме:

  • Основни колачиња – овие колачиња овозможуваат подобрено функционирање и можности за персонализација;
  • Oперативни колачиња – овозможуваат правилно прикажување на веб страницата и нејзините карактеристики. Овие колачиња се задолжителни бидејќи се од основно значење за правилна презентација на содржините од веб страницата. Истите се поставени од нас Reporter.mk или од трети страни чии услуги се вклучени на нашите страници;
  • Аналитички колачиња – овие колачиња ни овозможуваат да разбереме како луѓето ја користат нашата страница или колку добро таа ги извршува своите функции. Информациите што ги добиваме се анонимни и агрегирани;
  • Mаркетинг колачиња – овозможуваат да можеме да ги објавуваме своите известувања, на нашите страници или на други веб страници и друштвени мрежи на начин кој е прилагоден на Вашите интереси земајќи ја во предвид Вашата претходна посетеност на нашата интернет страница.

Нашата интернет страница најчесто користи колачиња од прва страна и постојани колачиња кои се контролираат од нас и го зачувуваат пребарувањето кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот за да се задржи состојбата. Преку овие колачиња се овозможува основното функционирање на интернет страницата и се се неопходни за да продолжите да ја користите нашата интернет страница, како и дополнителни колачиња кои можете да одберете дали да ги вклучите или исклучите, а се со опис како што е наведено претходно.

Можно е да користиме индиректни колачиња или колачиња од трета страна за да добиеме стандардни информации за пристапот и деталите за однесување на посетителите, без идентификување на идентитетот на посетителите на нашата интернет страница.

Информациите кои ги содржат колачињата не се користат за лично идентификување.

Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат на вашиот уред и можете да ги прилагодите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е некои услуги да не работат и функционалноста на интернет страницата да биде оневозможена.

Поголем дел од интернет страниците овозможуваат контрола за поставување и одобрување на видовите на колачиња, освен основните. Доколку одлучите да ги прилагодите колачињата и доколку го оневозможите нивното функционирање можно е да се измени функционалноста на интернет страницата и вашето корисничко искуство. Исто така зависно од поставките на прелистувачот, доколку ги оневозможите основните колачиња, можно е да немате пристап до интернет страницата.

За дополнителни информации за заштита на личните податоци, прочитајте ја Политиката за приватност.

Контакт: Друштво за трговија и услуги Клип Медиа Груп ДОО
E-mail: [email protected]

Scroll to Top