(Видео) Новинарката ја налути Ивона Талевска на сред вести

Новинарите од сите медиуми денеска се на терен и ги следат изборите. Но, камерата на Сител телевизија забележа ситуација која воопшто не ѝ се допадна на Ивона Талевска. Додека новинарката-дописник се јавуваше во живо од терен во вестите на Сител, ѝ заѕвоне телефонот, па таа го прекина интервјуто со членовите на Избирачки одбор од гласачко место во Бутел. Гафот на новинарката ќе поминеше можеби незабележано ако камерата во студиото не ја „улови“ и реакцијата на Талевска, која можете да ја видите на видеото подолу.

Scroll to Top