Марихуаната е 114 пати посигурна од алкохолот!

Ново научно истражување го потврди тоа што уживателите на марихуаната го говорат веќе со години. Тревата е најмалку опасна дрога.

Германските хемичари и токсиколози Дирк Лашнмеир и Јирген Рем објавија табeла со процена на ризикот од алкохол, канабис и други опојни дроги и дојдоа до сличен заклучок како и студиите на британскиот експерт Давид Нут дека најопасната дрога на светот е алкохолот.

Го користеле новиот метод на процена на ризик, наречен маргина на изложеност (МОЕ), која сè почесто се користи во светот со цел да се процени опасноста од разни супстанции. МОЕ може да го пресмета односот меѓу негативните последици и да процени кои супстанции луѓето ги земаат.

Колку е понизок МОЕ, толку е поголем ризикот за луѓето и општеството.

Според анлизите на германските истражувачи, најнискиот МОЕ го има токму во алкохолот, а потоа следуваат хероинот, кокаинот и никотинот. Марихуаната, односно нејзината активна состојка THC, се наоѓа на убедливото последно место. Според спроведените процени на ризик, THC е дури 114 пати помалку опасен од алкохолот.

Ова ново истражување уште еднаш го сврте вниманието кај научниците што ги истражуваат законите за сузбивање на опојните дроги. Најопасната од сите дроги е легално и општествено прифатена. Исто како и никотинот, кој се наоѓа на врвот на скалата на опасности. Од друга страна, многу помалку опасните супстанции, како THC-екстазите или ЛСЦ, се наоѓаат на листата строго забранети, па лицата за кои тие претставуваат помала опасност, како и за самото општество, нечесно се санкционирани со парична казна или казна затвор.

Да потсетиме, најпочитуван пример во Хрватска бил кога Степан Павлековиќ (48) од Лепоглава е казнет со 1.000 куни поради промоција на наркотични дроги кога на својот Фејсбук-пост објавил цртежи од Попај со марихуана. Интересно е прашањето дали судот во Лепоглава ги казнил и Лашнмеир и Рем поради нивните бесрамни промоции на опојните дроги.

 

Поранешен советник во британската влада: ЗАБРАНАТА НА ОПОЈНИТЕ ДРОГИ Е НАЈЛОША НАУЧНА ЦЕНЗУРА ПО ГАЛИЛЕО

Забраната на дроги, како канабисот, лудите габички и другите психоактивни супстанции, науката ги цензурира и истовремено ги поткопува истражувањата за нивната потенцијална важна корист на полесто на медицината, тврдат водечки светски експерти.

Законите и меѓународната конвенција од времето на 60-тите години од минатиот век ги уназадија истражувањата во клучните подрачја, како што е истражувањето на човечката совест, стои во списанието Nature Reviews Neuroscience.

Забранатата на дрога базирана на претпоставки за нејзината опасност во голем број случаи се преценува, вели Давид Нут, професор по психофамакологија на „Имерпијал колеџ Лондон“.

Во изјавата проследена во текстот објавен во списанието Nature Reviews Neuroscience професорот Нут тврди дека законите доведоа до најлошиот случај на научна цензура уште од времето кога Католичката црква ги забранила делата на Коперник и Галилео.

Законите никогаш не се освежуваат и покрај научните достигнувања и сè поголема е бројката на докази дека повеќето оспорени дроги се релативно безбедни. И се чини дека меѓународната заедница никогаш нема да ги промени тие закони, вели тој.

Рационалниот пристап на регулација на дрогите овозможи научно напредување во доменот на проучување на човечката совест и мозочните механизми на психоза и би можело да се води како револуционерен третман во лекувањето депресија или посттрауматскиот стрес, вели Нут.

Инаку, Давид Нут и Лесли Кинг, двајцата поранешни советници на британската влада за прашања за дрогата, во 2009 добија отказ поради критиките на владата која ги игнорирала нивните научни совети за канабисот и екстазите.

 

 

Scroll to Top