Шведската актерка Алисија Викандер деновиве е актуелна со улогата на Лара Крофт. Светската премиера на филмот „Томб рајдер“ ќе се одржи денес (16 март), а според првите реакции, Викандер одлично ја заменила Анџелина Џоли.
Алисија се прослави со филмот The Danish Girl и во 2015 година доби Оскар за најдобра женска улога.
Но, нејзините фанови најдоа снимки од нејзиното појавување во филмот Ex Machina, каде се појавува потполно гола. Таму глуми хуманоиден робот и во неколку сцени е потполно гола.