Доколку имате проблем со опаѓањето на косата тогаш припремете ја оваа маска од три намирници која навистина ќе ви помогне.
Состојки:
– едно јајце
– една лажичка рум
– една лажичка рициново масло
Подготовка:
Изматете едно јајце, потоа ставете една лажичка рум и една лажичка рициново масло. Откако убаво ќе ја изматите смесата, нежно втријте ја на темето. Ставете кеса и замотајте ја со пешкир. Преспијте со маската на косата. Измијте ја, но во водата изматете и една жолчка од јајце.
Последното (трето) миење направете го со вода во која сте исцедиле еден лимон.