Откако Ненад Херватин ја сними Хрватската верзија на „Despacito“, со своја верзија излегоа и Словенците, а откако ќе ја слушнете, јасно е зошто песната веќе ја нарекуваат: „fejst pomale“.
За да Словенците не останат лишени од својата верзија на летниот хит, се погрижи Ника Зорјан, 24 годишната пејачка од Мурска Собота, чија популарност е во постојан подем.
Песната на Youtube досега собра повеќе од 400.000 прегледи, а младата пејачка во коментарите ја преплавуваат со комплименти. Се разбира, има и „дислајкови“, но далеку помалку од верзијата на Хрватот.