Американскиот актер Нелсан Елис, кој се прослави во улогата во серијата HBO во (True Blood) почина на 39 годишна возраст.
Тажната вест за CNN ја потврди неговата менаџерка Емисли Герсон Саинес. „Нелосн почина од компликација која следеше по прекинот на работата на срцето“, изјави таа.
Во популарната серија „HBO-а“ за вампирите, која се емитуваше од 2008 до 2014 година, глумеше Лафајет Рејнолдс, човекот кој според книгата, требаше да умре, но неговиот лик стана исклучително популарен, па сите творци од серијата одлучија да остане жив.
Crushed today by the loss of my friend and castmate Nelsan Ellis. He was a wonderful person, a pioneer, and a one of a kind artist. RIP pic.twitter.com/fvtquhIac7
— Joe Manganiello (@JoeManganiello) 8 July 2017
Освен во улогата во запазената серија, во текот на кариерата глумеше и во уште неколку филмови, од кои, најпознати се „Тајниот живот домашни помошници“ (The Help, 2011).
Во саботната изјава за медиумите на HBO изрази „екстремна жалост“. „Нелсон беше талент чија креативност никогаш не сум прекинал да се восхитувам. Да се работи со него беше привилегија“, изјави Алаб Бал, творецот на „True Blood“.
Октавија Спенсер, која со него глумеше во „Тајниот живот на домашни помошнички“, почест му даде преку Инстаграм.
„Срцето ми е скршено за неговите деца и семејство“, напиша таа оддавајќи му почест како и многумина други.