Песната Гангам Стајл од мегапопуларниот јужнокорејски изведувач Псај била најгледаното видео на друштвената мрежа Јутјуб во последните пет години. Сепак, едно друго видео сега го зазема првото место.
Гангам стајл има 2.894.426.457 прегледи на Јутјуб.
Но, спотот за песната „See You Again” кои ја направиле Виз Калифа и Чарли Пут достигнал вртоглави 2.895.373.709.
Од друга страна, хитот на летото Деспасито достигнал 2,5 милијарди прегледи за 6 месеци и не покажува значи за застанување, што значи дека е можно оваа песна да го заземе првото место.