„Вујкин незаборав“ е новото музичко дело на Никола Андрески, мелодија која ќе ве освои уште при првото слушање.
Никола Андрески (21) активно свири веќе 4 години, а за правилно и квалитетно свирење посетува часови кај нашиот маестро Војче Петрушев.
– Од првото земање на инструмент, Војче ме учи. Благодарение на него за кратко време научив премногу. Во новиот проект наречен „Вујкин незаборав“ вклучен е и Илија од групата „Маестро бенд“, тој ја свири виолината.
Андрески е првиот музичар од Македонски брод кој досега успеал да подготви ваков квалитетен проект и истиот да биде одлично прифатен од пошироката јавност.