Само ретки историски настани добија толкаво внимание како потонувањето на Титаник. Дури и пред познатиот филм, вестите и приказните за оваа трагедија се пратени од друго време, низ дел од светот. Земајќи ги во предвид тоа што знаеме за потонувањето, повеќето се согласуваат дека случајот е решен, и дека нема повеќе никакви мистерии за тоа дека овој голем брод потона. Но, неодамна се појави интересна теорија, која тврди дека Титаник всушност никогаш не потонал.
Изградбата на Титаник почна на 31 март 1909 година, а заврши на 2 април 1912 година. Сите тврдеа дека е невозможно да се потопи овој брод. Титаник беше само еден од трите брода „Olymic klase“, кој го изгради „White Star Line“. Останатите два брода беа „Brittanic“ и „Olympic“, кој беа речиси исти како и Титаник.
Вкупно 1317 луѓе патуваа на Титаник (во последната) пловидба во 1912 година. Без оглед на големите грешки во изградбата кои подоцна биле откриени, капетанот Едвард Смит, изјави дека не може да замисли таква катастрофа која би предизвикала потонување на Титаник. За жал, не бил во право.
Тоа што следело била вистинска морска трагедија.
„Гледав како бродот тоне. Не можев да ги затворам очите и да спијам. Го видов целиот тој настан, и никој тоа не би можел да го заборави. Се сеќавам на бојата, звуците, се… но она што беше најстрашно се викањата“, изјави Ева Харт која трагедијата ја преживеала како дете. но постојат и други верзии на приказната…
Преживеја 710 патници, повеќето од луксузната, прва класа. Сите се согласуваат дека станува збор за голема трагедија, но постојат детали кои, на некои луѓе им изгледаат чудни, и многу сомнителни. Како на пример, новинарот Сенан Молони, изјави дека причината за потонувањето не била големата санта лед, туку пожарот кој никој не го приметил, и тоа дури три дена. Но, експертите ја отфрлија оваа теорија, прогласувајќи ја за бесмислена.
Некои луѓе сепак развија уште една теорија. Писателот Робин Гарднер во својата книга „Титаник: Бродот кој никој не потона“, напиша дека тој кој во 1913 година потонал не бил Титаник, туку Олимпик, брод многу сличен на Титаник кој претходно го споменавме. Гарднер тврди дека, откако Олимпик во 1911 година имал несреќа во која се судрил со друг брод, лондонскиот „Lloyd’s“ (осигурител White Star Linea) одбил да ја исплати оштетата. Тоа наводно предизвикал финансиски проблеми поради кои не можеле да ја довршат изградбата на Титаник, па ги заменили со делови од „Olymic“, за да изгледа како него. Во оваа теорија многумина експерти се сомневаат, и ја отфрлија, но тоа за жал не го менува фактот дека стотина луѓе ги изгубија животите на бродот, било да станува збор за „маскиран“ „Olympic“ или вистинскиот Титаник.