„Washington Post“: Јадранскиот брег изгледа како пекол на Земјата – Луѓето прашуваат, – „Каде се ЕУ и НАТО?!“

Веста за страшните пожари во регионот стигна и до Америка, поточно до „Washington Post“, кој пишуваше за вонредната ситуација во Црна Гора и Хрватска.

Во моментов низ цел свет пожарите се активни. Ги има во Италија, Калифорнија, Црна Гора, Франција, а ситуацијата никогаш не не изгледа безизлезна.

Иако премиерот Андреј Пленковиќ, во повеќе наврати изјави дека системот функционира извонредно, и дека огнот не се раширил, потајно, од страна на медиумите, за истиот се пишува како апокалиптичен.

Така „The Washington Post“ напиша цел текст за тоа како гори јадранскиот брег и дека тоа „изгледа како пекол на Земјата“.

„Фотките од јадранскиот брег, неделава изгледаат како пекол на Земјата, не како дестинација за одмор која така добро им е позната на туристите“, пишува во воведот на текстот за пожарите во Хрватска и Црна Гора на врвот на туристичката сезона.

„Останав без зборови“, пренесува „The Washington Post“, од описот на авторката на фотката првично објавена на нејзиниот Фејсбук профил.

За пожарот во последните денови пишуваа и светските агенции како на пример Ројтерс.

 

Scroll to Top