Деновиве ТВ Канал 5 повторно го актуелизираше гостувањето на фолкерката Елена Велевска од пред неколку месеци. Таа во изјава за бугарската ТВ Планета вели дека често пее бугарски песни на своите настапи во Австралија, а на прашањето кои бугарски песни најчесто ги пее, нашата Велевска ја спомна и традиционалната македонска песна „Јовано Јованке“.
– Македонската фолкерка, позната по своите силиконски додатоци, при едно неодамнешно госрување на бугарската фолк ТВ – Планета ТВ, изјави дека често, кога настапува пред нашините во Австралија, пее неколку бугарски народни песни. На прашањето на водителката, да наброи коии се тие песни, елена ја спомена и една од најубавите традиционални македонски народни елегични песни – Јовано, Јованке, пишува ТВ Канал 5.
ТВ Канал 5 за крај пишува дека останува дилема, дали е возможно Велеска да изусти ваков „бисер“, или станува збор за класично „додорување“ на бугарската публика?
Велевска реагираше до редакцијата на Репортер и побара објаснување за повторното актуелизирање на темата, откако се увери дека приказната сепак се повторува од друга страна, одлучи во стил на Јелена Карлеуша да им возврати со фотографија.
– Ооо, баш је добро бити ја, напиша фолкерката над фотографијата.
Елена Велевска е единствена македонска фолкерка која е одлично прифатена кај бугарската публика и често можеме да ја видиме на каналите на најпопуларната бугарска музичка телевизија Планета, но за нашата редакција вели дека пред се, таа е Македонка.