Мето Петровски, кој вчера беше пријавен за исчезнат, по едно деноноќие барање е пронајден жив и здрав, информираат неговите пријатели и семејството.
Петровски пред два дена се изгубил во ТК Лептокарија во Карпош, по што неговите најблиски вчера го пријавија исчезнувањето . Тој боледува од Алцхајмерова болест и постојано е со придружник, но за жал се одалечил незабележано, по што почна потрагата по него, која за среќа заврши успешно.
Мето Петровски беше долгогодишен режисер на документарни филмови во МТВ, добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија за својата 50-годишна творечка дејност. Сега е во пензија.