На 29 јули на плажата Градиште 2 во Охрид гостува една од најголемите фолк ѕвезди на просторите на поранешна Југославија – Лепа Брена. Билетите за спектакуларната журка се пуштени во претпродажба по цена од 600 денари, а на врата истите ќе бидат поскапи.
“Очекувајте многу добра забава, убави песни и одлична атмосфера. Она што јас лично можам да го ветам е дека сите после мојот концерт ќе заминат дома ведри и расположени”, вели Брена, која деновиве пред охридскиот концерт батериите ги полни на Јадранот, каде освен што ужива со семејството, богами и добро се забавува, а виртуелните пријатели ги “бомбардира” со фото-извештаи од своите водени лудории.
Но најде време да испрати куса видеопорака до своите македонски фанови, за уште еднаш да ги потсети на саботната дружба–Охрид, плажа Градиште 2.
“Драги мои се гледаме на 29 јули на големото Градиште, плажа во Охрид. Ве сака вашата Брена”, е пораката која најголемата фолк ѕвезда на просторите на екс Југославија им ја испрати на своите македонски фанови.