Лепа Брена беше минатиот викенд во Охрид. Пееше на Градиште. Спектакл за сите, атракција за помладите, можност за евоцирање спомени кај постарите. Особено кај оние кои се или биле во истата бранша… Како нашиот легендарен ДЈ Славе Келешовски. Концертот на Брена очигледно го врати ДЈ Славе во младоста, па тргна да претура по спомебите… и фотоалбумите.
А кога е Славе во прашање, оние кои го познаваат и паметат, добро знаат дека познатиот македонски ДЈ беше не само добар забавувач и шоумен, туку и голем плејбој!
Така, Келешовски ги прелиста старите фотоалбуми па извади фотографии од оноа, неговото време, кога беше популарен коај нас колку и самата Брена, па на неговиот шарм, заводливост и струшките ишарети паѓаа и најпознатите естрадни екс ЈУ ѕвезди. Така на пример една од познатите тогашни старлети и естрадни танчерки, русокосата Јелена Тинска не се двоеше од прегратките на ДЈ Славе. Фотографиите – неми сведоци на тоа време.
Ама, на наш Славе, тогаш „имуна“ не остана ни денес мегапопуларната Брена. Струшкиот ДЈ ја постираше фотографијата некаде од почетокот на кариерата на Брена, каде таа речиси како тинејџерка настапуваше во Македонија со својата група „Слатки Грех“.
ДЈ Славе и Брена… тој познат ДЈ, фраер – парекселанс, таа ѕвезда што се раѓа… А, се роди ли тогаш, уште нешто друго меѓу нив? Само тие си знаат!? Впрочем, погледот на Брена кажува се’….!