Концерт на Андријана Јаневска вечерва во Њујорк

 Поп-пејачката Андријана Јаневска е во Њујорк каде што вечерва настапува со својата сестра Николина Јаневска.

„Во Њујорк ќе се преставиме со делото што го напишав за мојата сестра Николина Јаневска, циклус соло песни за мецосопран, виолина, пијано и гитара. Во Њујорк ќе настапам и како виолинист, заедно со Иван Еминовиќ на пијано и Драган Гиновски на гитара придружувајќи ја сестра ми која ќе биде вокален солист“, вели Андријана.

Покрај музичкиот настап, таа слободното време го користи и за прошетки во Њујорк, а дека е на познатиот Менхетн, се пофали и со фотографија на својот фејсбук-профил. „Во градот што никогаш не спие“, напишала Андријана под фотографијата. По Њујорк, поп-пејачката заминува за Пекинг каде што веќе има закажани настапи. Андријана неодамна стана доцент на Факултетот за музичка уметност. (А.Г.)

Scroll to Top