Рафаел Надал:Ќе станам татко одкако ќе ја завршам спортската кариера

Светскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека сака да создаде семејство одкако ќе ја заврши својата кариера, иако долго време е во љубовна врска со Марија Франсиско Переjо.

30-годишниот тенисер смета дека постојаните патувања тешко дека ќе се пријатни за децата: “Со задоволство би имал деца – момчиња, девојки. Јас сум семеен човек кој ги сака децата. Но, реалноста е дека годините си поминуваат, а сакам да почнам да го правам сето тоа, кога спортската кариера ќе ми заврши.“, изјавил тенисерот.

Тенискиот ас е единствениот претставник на Големата четворка, кој се уште не станал родител. Федерер има два пара близнаци, a Мареј и Ѓоковиќ ги очекуваат вторите деца

Scroll to Top