На сигналот може да се слушне страшен зуечки тон, повремено прекинат со машки глас кој говори некои зборови на руски, а можат да се слушнат и бројки, а за прв пат е снимен во 1982 година. Но, иако со децении кружат теории, за тоа што би можел да значи овој сигнал, никој ништо од оваа мистерија не може да потврди.
На почетокот теоретичарите на заговори, говореле дека тоа е руски шпион, кој испраќа на непријателите сигнали и информации, уште во времето на СССР, a понекогаш надвладувале мислењата дека Русите во етер испраќале информации за вонземјани.
Но, според пишувањата на „Дејли стар“, дури ни самиот воен врв на Русија нема информации за овој сигнал, а некои сметаат дека сигналот функционира како „прекинувач за мртвиот човек“, односно, кога сигналот ќе згасне, тоа автоматски значи дека ќе се лансираат руските атомски бомби на одредени локации.