Диџеј Фани помеѓу музиката и јогата

Поп-пејачката и диџеј Фани Христова вечерва ќе пушта музика во клубот „Бистро“. Таа летово го минува работно и пушта музика речиси во сите познати клубови во земјата. Фани е една од ретките кај нас што се занимаваат со оваа професија. Таа лани беше номинирана од магазинот „Дјане“ на листата меѓу 100-те светски диџеи жени во светот.

Магазинот секоја година ја прави оваа листа, како и номинациите. Поп-пејачката и диџеј беше актуелна и по дипломирањето на Универзитетот за јога во Тајланд каде што во 4 недели имаше и 150 часа јога.

Таа секој слободен миг и сега го користи за вежби по јога, а планира и повторно да замине на Тајланд.

Scroll to Top