Производителите на газирани пијалаци Dr. Pepper, Coca-Cola, Mountain Dew и Pepsi доживеаја шок затоа што на американскиот пазар потрошувачката и продажбата паднале на големо ниво во однос на периодот од пред 31 година, известија од Bevarage Digest.
Уредникот на Beverage Digest, Дуане Стенфорд, изјави дека падот на продажбата може да им се припише на поголемата едукација на потрошувачите и зголемената склоност на граѓаните кон здравата храна и пијалаци, додека поддршката на висококалоричните производи, како што се слатките газирани пијалаци и овошните пијалаци, полека на долгорочно ниво е во пад.
„Има две сеизмички промени кај потрошувачите што ги консумираат газираните пијалаци – опсесивната потрага по различностите за подобра рамнотежа на шеќерот и калориите. Додавајќи ја на тоа и растечката желба за означување на состојките, и тоа е причината за револуцијата и намалувањето на продажбата“, изјави тој.
Се чини дека токму The Coca – Cola Company и PepsiCo, Inc се двете компании кои најмногу се погодени од новите настани. Но, тоа и не треба да биде така затоа што и двете компании во текот на годините се оддалечија од продажбата на само газирани пијалаци и почнаа да продаваат чаеви, вода во боци, спортски напивки и други видови пијалаци.
Cola Cola заплива во пазарот на енергетските пијалаци првенствено преку големиот удел што го доби во компанијата Monster Beverage Corp, а PepsiCo има низа производни линии, вклучувајќи ги и Frito-Lay и Quaker.
Локалните произведувачи на газирани пијалаци го почувствуваа тоа во продажбата.
„Продажбата опадна во последните 20 години, секоја година во однос на претходната. Може да се потврди дека сме на најниско ниво во последните 30 години. Големо поместување се случи што се однесува до ледениот чај и водата, Vitaminwater, Gotorade, изјави J.J. Бромвел, директорот на компанијата Link Beverages од Пенсилванија.
Што би требало далеку помалите компании за производство на газирани пијалаци да направат во овие околности?
„Луѓето сакаат приказна, тие сакаат историја, сакаат наследство со производ. И тие сакаат диверзификација и портфолио на вкусот. Тоа е она што компанијата A-Treat има да го понуди. Кога говориме за A-Treat, таа е повеќе од регионална“, изјави Луке Јаинди, менаџерот на компанијата во интервјуто за „Филаделфиски вести“.