Моите деца имаат хроничен недостиг на татко

Македонската пејачка, водителка и авторка на книги Сузана Турунџиева сподели емотивна фотографија на која таа во прегратка ги има своите две ќерки, повозрасната Лора и помалата Матеа. Таа напиша и емотивна порака во која вели: „Ако си мајка на деца што имаат хроничен недостиг на татко, а патем соништата се едно, а реалноста друго, кога желбите се големи, а можностите мали, секогаш имај на ум дека имаш две раце кои секогаш треба да бидат доволно големи за силно да ги прегрнеш и заштитиш и со многу труд, љубов и посветеност да ги водиш низ џунглата наречена живот, во која преживуваат само најжилавите“, вели Турунџиева. Сузана беше во брак со пливачот Александар Маленко со кого ја има ќеркичката Лора, а ја има и ќеркичката Матеа од бракот со Маријан, кој пред една година ненадејно почина.

Scroll to Top