Популарната турска актерка Нургул Јешилчај откако се откажа од снимањето на серијата „Парампарче“, веднаш се активираше со снимање на две нови улоги.
Но, актерството не е единствената работна преокупација на убавата Нургул. Актерката исто така е и сопственичка на салон за венчаници.
Салонот го носи нејзиното презиме, а освен како сопственичка, таа често знае да биде и модел за сопствената етикета и да ги презентира новите модели. Па така, деновиве таа ги посети вработените и позираше пред излогот во раскошна венчаница.