Директорот на МНТ, Драган Спасов- Дац преку фејсбук повика за аудиција за новиот проект на театарот, мјузиклот „Мама миа“. Но, и Македонскиот народен театар објави отворена аудиција за избор на актери, танчери и пејачи за споредни улоги во новиот проект.
„Мјузилот „Мама миа“’ е светски хит инспириран од музиката на големата музичка група „АББА“ . Овој проект доаѓа по успешната реализација на мјузиклот „Чикаго“. Овој пат тоа е приказна исполнета со љубов, забава и многу танц. Поради различната возрасна граница и изведувачка задача аудицијата е поделена во два дена и тоа, на 1. септември аудиција за актери и пејачи и на 2. септември аудиција за танчери. Актерите треба да се на возраст од 19 до 50 години, танчерите од 16 до 25 години.