Браќата Тавитјан и нивниот татко, Гаро , добија наградата и благодарницата “Мајка Тереза” за хумани дела во спомен на Гонџа Бојаџиу. Нагрдата им ја додели организацијата Мајка Тереза.
„Денеска е одбележување на раѓањето на Мајка Тереза, која , целиот свој живот го посвети на Бога помагајки несебично на целиот свет, без разлика на вера, националност, раса и пол. Среќни сме, што, токму ние ја добивме оваа награда и благодарница“, велат Тавитјан .