Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, деновиве престојува во грчкото одморалиште Паралија. Тој бил гостин на вечерата на која присуствувале 300 српски наставници и ученици од Јагодина и решил да ги почести со неколку песни.
Тој пред гостите имал вистински мини-концертот и отпеал десетина српски, руски и грчки песни.
Дачиќ честопати знае да се фати за микрофонот, а пееше и на инаугурацијата на претседателот Александар Вучиќ, каде што пред амбасадорите ја пееше „О, соле мио“.