Додека го чекал летот за Скопје, Ѓоко Таневски во Истанбул го пресретнале џепчии кои незабележано му ги украле сите пари што ги имал во торбата што ја носел со себе. Но, дури кога слетал, забележал дека нема пари во торбата и дека е ограбен.
„Не сакам да зборувам на таа тема, не можам да се потсетувам на тоа. Не знам како, ама ете, ме ограбија. Да сме здрави и живи“, рече пејачот. Тој не сакаше да открие за колку пари станува збор, ама охриѓани велат дека биле 8 илјади евра.
Немилиот настан се случил кога Таневски од Бејрут, каде што беше дел од луксузната свадбена прослава на либанската двојка Јасмин и Јусеф, се враќал преку Истанбул за Скопје.